Општина Долнени се наоѓа во северозападниот дел на пелагониската котлина на надморска височина од околу 600м. Формирана е со Законот за територијална поделба и Законот за локална самоуправа од 1996 година, а проширена е со припојување на општина Житоше со последниот Закон за територијална организација на Република Македонија од 2004 година.

Зафаќа површина од 412,43км2, и истата може да се подели на две рељефни целини. Поголемата целина, која зафаќа 2/3 од површината, претставува рамичарски дел каде главно се обработливи површини (90%), а втората целина, која зафаќа 1/3 од вкупната површина, претставува   ридско- планински дел, од кој пак половина е прекриен со пасишта, а половина со шуми (дабова, букова, јасен и др.).

Рамничарскиот дел на општина Долнени располага со голем фонд обработливо земјиште што се користи за повеќе намени во земјоделското производство, додека на помал дел се развиваат природни пасишта и ливади. Во северниот дел рељефот е планински, претежно со благи падини (освен во највисоките делови), испресечеени со поголем број речни долини што слегуваат кон Пелагонија.

Највисоките врвиови Гол Рид, Мукос, Кодростан, Лута итн., достигнуваат од                 1500 до 1700 м.н.в. Во овој дел се распространети најважните природни ресурси: шумите (претежно дабова и букова), планинските и ридските пасишта, извори и природни водотеци (реки и потоци), разновиден животински и растителен свет, рудни наоѓалишта на квалитетен мермер и друго.

Кон северозапад и исток рељефот на општина Долнени е ридско-планински. Особено интересен регион во тој поглед е пределот на јужните ограноци на планината Бабуна со врвот Златоврв (1.422 м.н.в.).

Во геолошка смисла, подрачјето на општина Долнени припаѓа на две макрогеотектонски целини. Најголем дел од теренот припаѓа на Пелагонискиот хорстантиклинориум, а само околината на населените места Лажани, Кошино и Дебреште, припаѓа на западно-македонската геотектонска зона.

Во рамките на Пелагонот, доминантна карпеста формација е комплексот на гнајсгранитоиди, што го чини јадрото на целата структура, потоа микашисти, а комплексот завршува со мермер и доломити. Источниот раб на подрачјето го чинат највисоките делови на Даутица, изградени главно од крастифицирани мермери, во чија основа лежат гнајсеви, гранити и микашисти. Северниот и источниот раб се изградени од карпести маси на силикатниот гнајсгранитоиден комплекс, од кој се изградени и масивите на Бабуна и Дервен. Централниот дел и јужниот раб претставуваат област на депресија исполнета со неогени езерски седименти со дебелина од над 2000м, составени од чакал, песок и глина. Овие седименти од хидрогеолошки апект се карактеризираат со појава на подземни води во плитката приповршинска издан, кои главно се загадени поради влијанието на антропогениот фактор. Длабоката изданска зона, под 80м, претставува аквифер со артески карактер и добри квантитативни параметри, но овие води најчесто се со висока содржина на железо или минерали.

Климатски одлики

Климата во ниските делови на општина Долнени, од 600 до 900 м.н.в., има топли континентални карактеристики. Котлинскиот карактер на Пелагонија послабо е изразен, поради поголемата надморска височина. Повисоките планински делови се карактеризираат со студено-континентална клима                     (900-1.100м.н.в.), подгорско-континентална клима (1.100-1.300м.н.в.) и горско-континентално-планинска клима (1.300-1.650м.н.в.). Просечната годишна температура во котлинскиот дел изнесува 11,2°С, а просечната сума на врнежи изнесува 576мм.

Дистрибуцијата на загадувачки материи покрај другото зависи од метеоролошките прилики како што и тие влијаат на промената на климата. Емисијата и нивото на загадувачките материи се во функција наследните  климатски елементи и појави:

  • температурата на воздухот,
  • воздушните струења,
  • атмосферските талози,
  • вода и влажноста на воздухот,
  • светлост и
  • инсолација.

Влијанието на климатските елементи и климатските фактори, се однесуваат на развојот и егзистенцијата на живиот свет, на целосната активност на човекот и на одредени процеси во природата, како значаен елемент во биосферата.

Пелагониската котлина лежи на надморска висина од 575 до 660 метри во која е овозможен непречен продор на воздушни маси од поголеми географски широчини кои условуваат ниски температури во зимските месеци, и формирање на езеро на ладен воздух. Во летните месеци загреаниот континентален воздух условува доста високи температури.

Заради посебните орографски услови оваа котлина е со помалку врнежи од подрачјата источно и западно од неа. Во овој дел главниот минимум на врнежи е во јули, август и септември шшто е резултат на влијанието на нешто модифициран медитерански плувиометриски режим.

Просечната годишна сума на врнежи изнесува 598мм, а главниот максимум на врнежите е во ноември со просечно 72,0мм, а главниот минимум во август со                 34,5 мм или просечно се јавуваат 119 врнежливи денови.

Снежниот покривач се јавува од октомври заклучно со април, но главно е ограничен на трите зимски месеци. Годишно просечно се јавуваат до 36 дена со снежен покривач со максимум во јануари и февруари. Просечната годишина количина на врнежите во Битолското поле изнесува 594 л/м2.

Метеоролошките мерења на оваа котлина се врнежи на прилепската метеоролошка станица. Просечната годишна температура за овој дел од котлината изнесува 11,20 оС, а екстремните минимални температури изнесуваат просечно  6,10 оС. Апсолутно минималната температура е забележана на 27-01-1954 година со вредност од -29,40 оС, а просечниот датум на есенските мразеви е 21-ти октомври, а на пролетниот 6-ти април.

Просечната годишна максимална температура изнесува 17,00оС со апсолутно максимална од 41,20 оС .

Просечното годишно траење на сончевото зрачење (инсолација) изнесува 2.321 часа, и тоа најдолго во месец јули со просечно 11 часови дневно.Годишната облачност изнесува просечно 5,4 десетини, со најголеми вредности во јануари а најмали во август или просечно годишно 53% се облачни денови. Релативната влажност се намалува од јануари до август и изнесува просечно 68%. Температурните инверзии кои се карактеристични за оваа котлина често се пратени со појава на магла. Просечно годишно се забележани 25 денови со магла, доста почесто од прилепскиот дел на котлината каде се јавуваат просечно                         13 денови со магла.

Честото проветрување и релативно високите температури овозможуваат услови за испарување од слободните водни и почвени површини односно зголемување на потенцијалното испарување, кое во овој дел на Пелагонија изнесува просечно 885 л/м2. Пелагониската котлина се одликува и со често присуство на слана како во претпладневните, така и во попладневните часови од денот т.е. од септември до мај или роса во потоплите денови главно од март до ноември.

Режим на ветрови

Во овој дел на Пелагонија преовладуваат северните ветрови, со просечна зачестеност 189‰ и просечна годишна брзина од 2,2 м/с. Јужниот ветер е втор по зачестеност, со годишен просек од 134‰ и просечна брзина од 3,7 м/с, следи северозападниот ветер со 83‰ и годишна брзина од 2,4 м/с. Североисточниот ветер со зачестеност од 63‰ и просечна брзина од 2,2 м/с и западниот ветер зачестеност од 61‰ и брзина од 3,5 м/с, додека југозападниот ветер дува со зачестеност 41‰ и просечна брзина од 2,4 м/с. Најмала зачестеност има источниот ветер и тоа просечно 22‰ и просечна годишна брзина 1,7 м/с. За Пелагонија се карактеристични ветрови и од локален карактер како последица на нееднаквото загревање на котлината и околните планини. Тоа се ветрови со деноноќни периоди, дење дуваат од котлината кон планините а ноќе обратно што условува нивно освежително дејство во топлите летни месеци. Пелагонија е доста ветровито подрачје и во просечното повеќегодишно струење на воздухот каде најзачестен е северозападниот правецот на ветровите. Со најголема зачестеност од 196‰ е северозападниот ветер со просечно траење од 1-2 дена со средна брзина до 5,7м/сек и максимална брзина до 27,0м/сек и дува преку целата година. Западниот ветер дува со помала зачестеност 52‰ и средна годишна брзина од 3,3м/сек најчесто во март и во јули. Југоисточниот ветер е втор по зачестеност со 179‰, најчест е во март и април со просечна брзина од 6,2м/сек и источниот ветер најчесто дува во пролет и лето со брзина до 2,5м/сек и е со зачестеност од 18‰.

Најголема зачестеност на тишините, деновите без ветер, е забележана просечно со 39,5‰, а најветровити се месеците јули и август со ветар од разни правци.

Според бројните податоци за воздушните струења во Пелагониската котлина кои овде не ги цитираме единечно, општа оценка е дека подрачјето на предметната локација се одликува со зголемена природна вентилација која делува како позитивен еколошки фактор во прочистување на атмосферата.

Поради наведениот режим на ветровите и високите просечни температури на воздухот и смалените врнежи од друга страна забележани се значителни вредности на испарување од слободна водена површина. Тоа изнесува просечно 1246 мм од 1м2 годишно. Ова испарување е со најголема вредност во целиот регион. Значителна е штетата која ја нанесуваат пролетните сушни периоди, особено во април и мај кога го оштетуваат приносот на житните култури, кои се секогаш со фенофаза на класење, цветање и млечна зрелост. Со примена на линеарниот технолошки тренд, кој во себе ги вклучува агротехничките мерки во зависност од метеролошките услови во Пелагонија ако се сака просечен принос потребно е вклучување на мелиоративниот систем.

Геолошки услови

Во регионален смисол ова подрачје припаѓа на границата на геотектонската макроструктура, во науката позната под името Пелагонски хорст-антиклинориум и западно-македонската геотектонска зона. Карпестите маси од овие геолошки целини на подрачјето на Прилеп се препокриени со терциерни-плиоценски седименти кои се составени од песокливо-глиновити фркации кои се сменуваат многу често како вертикално, така и во бочна насока. Нивната дебелина изнесува повеќе од 200 м, но во централниот дел на Пелагонија и до над 400 м, бидеќи овој дел претставува типичен залив на пелагонското езеро, кој нормално е со помала длабочина.

На самата локација на погонот, на површината на теренот се наоѓаат квартерни односно современи седименти, кои се создаваат со ерозионо-акумулативните процеси на Прилепска река, која се наоѓа во непосредна близина на погонот. Тоа се типични алувијални седименти составени од разно гранулирани чакали, песоци и валутоци на кварц и шкрилци, со дебелина од неколку метри.

Како геотехничка средина, алувијалните седименти од подлогата, претставуваат мошне стабилна средина, што се должи на слабо-деформабилните карактеристики на чакалесто- песокливите наслаги, односно висока носивост, што од овој аспект значи и фундирање на објектот без проблеми и соодветна заштеда на материјали и средства.

Хидрографија

Од хидролошки аспект, општина Долнени е релативно сиромашна со води. Единствен поголем природен хидролошки ресурс е “Извор“, во близина на н.м.Дебреште. Тоа е површински извор со релативно голем капацитет, во просек 100л/сек, со оформен природен водотек во должина од 4км до крајниот влив. Природни реки што течат во општина Долнени преку целата година се Строшка Река, Голема Река, Зрзеска Река, река Саждејца и др. Вкупната должина на постојните природни водотеци и водните канали изнесува 140км. Нивото на подземните води на територијата на општината е многу високо.

Ерозија

Подрачјето на Република Македонија припаѓа на таканаречената ерозиона зона и проценето е дека околу 17 милиони m3 почва се губат со ерозија, што соодветствува со 8.500 хектари.

Сеизмичност

Сеизмичноста на локацијата е проценета на 9 степени по Рихтеровата скала. Во сеизмички активните региони влијанието и последиците од силните земјотреси врз животната средина можат да бидат многу сериозни и деструктивни. Покрај разурнувањата на инфраструктурата и објектите, негативните ефекти по животната средина се појавуваат на просторите на разурнтатите објекти, пропратени со појава на пожари. Во соодветните планови за земјотресите исто како во соодветните акции после силните земјотреси, постои можност за настанување на оштетувања на системите опасни за животната средина. Овие системи може да бидат извори на значајни загадувања (хемиски, металуршки и слични постројки). Оштетувањата на капитални инфраструктури како што се нафтоводи, гасоводи, далноводи може да имаат исто така деструктивни ефекти врз животната средина.

Иако земјотресите се силни не се случуваат многу често, но нивниот деструктивен потенцијал е доволно предупредувачки. Оттука мора особено да се има во предвид сеизмичкиот аспект во заштитата на животната средина, со оглед на фактот што Република Македонија се смета за изразито сеизмички активно подрачје.

Вака високата сеизмичност е резултат на мошне комплексните регионални геолошки и тектонски карактеристики. Динамиката на процесите кои се случуваат во регионот се главни фактори кои ги предизвикуваат земјотресите. Просторната распределба на големите геолошки блоковски структури со различни карактеристики и старост и постоењето на сродни движења му даваат мошне високо сеизмичко ниво на регионот. Овие блоковски структури се делови на поголеми геотектонски единици. Според тоа планираните објекти треба да бидат проектирани и изведени соодветно, за да бидат резистентни на максимално очекуваните потреси за оваа епицентрална зона.

Флора

Пелагонискиот регион е со карактеристичен рамничарски и ридско планинскиот рељеф, со кој во голема мера се одредува карактерот на земјоделското производство во кое преовладува: сточарството (говедарство, овчарство, козарство и свињарство), живинарството (кокошки) и пчеларство, поледелство: житните култури (пченица, јачмен, рж, овес и пченка), индустриските (сончоглед, маслена репа, тутун, шекерна репа и друго), фуражните култури, (пченка силажа, луцерка, експарзета, сточен грашок, граорица, вештачки ливади и др.), нивските култури (компир, бостан, грав и друго), градинарските (домат, пиперка, кромид, зелка и др.) овоштарството (јаболко, праски, кајсии, сливи, вишни и друго), лозарството (вински и трпезни сорти), печурки, природни ливади и пасишта. Од ова може да се заклучи дека аграрот во долненскиот регион, дава големи можности за развој на стопанството, со отварање на нови работни места, остварување на финансиски ефекти и добар стандард на населението во руралните средини.

Од сето ова, за време на набљудувањата поминати на терен се среќаваат земјоделски обработливи земјишта на кое претежно има житни и градинарски култури. Најзастапена култура е тутунот (Nicotiana tabacum), од житните култури најмногу се среќаваат пченката (Zea mays), пченицата (Triticum aestivum), јачмен (Hordeum vulgare), рж (Secale cereale), овес (Avena sativa) од индустриските сончоглед (Helianthus annuus), шеќерна репа (Beta vulgaris), маслодајна репа (Brassica napus), од градинарските зелка (Brassica oleracea), кромид (Allium fistulosum) од трајни насади сливи (Prunus domestica) кајсии (Prunus persica), цреши (Prunus avium), вишни (Prunus cerasus) и др. Но сепак, не може да се каже дека целото земјиште е обработено со земјоделски култури. Голем дел од ова земјиште иако е сосема погодно за земјоделско производство останале необработени.

Во испитуваниот регион богато е развиена исто така и пелевелната и рудералната вегетација (ass. Geranio-Sylibetum) за која може да се каже дека е присутна не само во низинскиот дел од трасата на објектот туку и во текот на целата должина на планираниот далековод. Најчести видови кои можат да се сретнат на локацијата од оваа рудерална вегетација се Papaver rhoeas, Rumex pulcher, Xanthium spinosum, Sambucus ebulus, Hordeum murinum, Balota nigra, Conyza canadensis и други.

На поголем дел од необработените површини лесно може да се сретнат растенија како што се: треви (Senecio vulgaris), вратика (Lolium tempoletum) Glebonis segetum, булка (Papaver rhoeas), љубичица (Viola sp), бодлика (Sircium arvense ), глуварче (Tеraxacum officinale), тегавец (Plantago spp), ливадска трева ( Poa spp.).

Од направениот попис на растителни видови може да се заклучи дека ова подрачје не содржи растителни видови кои се регистрирани во меѓународните документи и конвенции како што се BERN convention, IUCN Red list of threatened Plant species, Corine, EMERALD, CITES – Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora), како и во националните достапни релевантни документи.

Фауна

Врз основа на теренските набљудувања, истражувањата како и  користење на расположива релевантна документација се дојде до констатација дека регионот има богат фаунистички свет. Во последните децении особено внимание е посветено на заштитата на загрозените видови во Европа. проследено со низа меѓународни конвенции и договори за нивна заштита. Сите заклучоци од обсервацијата на теренот беа донесени согласно следните конвенции и директиви:

  1. Конвенцијата за заштита на дивиот растителен и животински свет и нивните природните живеалишта во Европа (Бернска Конвенција)
  2. Конвенција за заштита на миграторни видови диви животни (Бонска Конвенција). донесени 1979 година.
  3. Европската Директива за птици (1979 година. и спроведена 1981 год.)
  4. Директивата за природните живеалишта (1992 година. Спроведена 1994 год.).
    Најдоминанти птици што се присутни во регионот се див гулаб (Columbia livia), чавка (Pica pica) и врапче (Passer montanus). Од зимските преселници беа детектирани сколовранецот (Sturnus vulgaris balcanicus), враната (Corvus cornix) и чавката (Corvus monedula). Според изјавите на локалните жители, можно е на подрачјето да се присутни еребица камењарка (Alectoris graeca) и полска еребица (Perdix perdix), како и степската ветрушка (Falco naumanni )но во текот на спроведувањето на теренското истражување, овие видови не беа забележани на околните локации. Не е регистрирано ниту присуство на лилјаци, а врз основа на оригиналниот научен труд ,,Прилог кон познавање на лилјаците на Македонија,, од Ласте Стојановски, овој терен не е опишан како погоден за живеење на овој вид на цицачи.
    Иако Македонија е земја со богата флора и фауна, сепак сеуште не е изработена Црвената листа на видови под закана. Заради тоа, одредување на категорија на степен на закана за одредени видови се врши со помош на следните документи:
    -Директива за природни живеалишта 92/43/ЕЕС
    -Директива на советот 92/43/ЕЕС за заштита на природните живеалишта на дивата фауна и флора
  5. БЕРН: Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет и нивните природни живеалишта во Европа.
  6. IUCN црвена листа на видови под глобална закана (2007 год.). Видови под закана се оние видови валоризирани како Критично Загрозени (CR); Загрозени (EN) и Ранливи (VU).