Образованието е застапено со 7 (седум) централни осумгодишни училишта во кои учат вкупно 1779 ученици и едно средно училиште-гимназија во н.м. Житоше.
Основниот стандард на образование е од низок степен имајќи ги предвид условите во училиштата, кои се доста стари објекти со исклучок на неколку и во доста лоша состојба. Учебните помагала се стари и амортизирани, компјутерската опременост е незначителна и покрај последната акција на Министерството за образование на РМ за компјутеризација на основвното образование со по неколку компјутери во секое од училиштата.
Одделението за образование при општина Долнени има донесено Програма- Акционен план и стратегија на општина Долнени во областа на образованието за 2014/2015г.
Програма – Акционен план и стратегија 2014/2015.PDF (превземи)
Одговорно лице за образование: г-дин Билал Каришик (071/383-422)