СООПШТЕНИЕ за ЈАВЕН УВУД во Урбанистички Проект
Бр.31-480/5
од 16.05.2024 година
Долнени/Dollnen
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање
(‘‘Службен весник на РСМ‘‘ бр.32/2020, 111/23), член 50, точка 4 од Законот за
локална самоуправа (‘‘Службен весник на РМ‘‘ бр.5/02), член 26 од Статутот на Оп-
штина Долнени, Градоначалникот на Општина Долнени, го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се организира ЈАВЕН УВИД во Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички
план за формирање на градежна парцела со намена Г1.1 – Градби и постројки за по-
вршински копови, КО Небрегово Општина Долнени, изработен од изработен од
ДПИК ЏОН и ЏОНИ ДОО-Прилеп, Студио Џон и Џони Подружница Скопје, со тех.
број 446/23 од март 2024 година.
Вкупната површина на градежната парцела е 78857м2 или 7,89 ха.
Јавниот увид во Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за фор-
мирање на градежна парцела со намена Г1.1 – Градби и постројки за површински
копови, КО Небрегово Општина Долнени, ќе биде на службената ВЕБ страна на
општина Долнени: www.opstinadolneni.gov.mk.
Јавниот увид ќе трае 15 дена од 17.05.2024 до 06.06.2024 година, секој работен
ден.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното
подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози
и мислења до Општина Долнени-Подрачни канцеларии во Ропотово или на е-маил
адресата info@opstinadolneni.gov.mk.