Образованието е застапено со 7 (седум) централни осумгодишни училишта во кои учат вкупно 1779 ученици и едно средно училиште-гимназија во н.м. Житоше.
Основниот стандард на образование е од низок степен имајќи ги предвид условите во училиштата, кои се доста стари објекти со исклучок на неколку и во доста лоша состојба. Учебните помагала се стари и амортизирани, компјутерската опременост е незначителна и покрај последната акција на Министерството за образование на РМ за компјутеризација на основвното образование со по неколку компјутери во секое од училиштата.
Одделението за образование при општина Долнени има донесено Програма- Акционен план и стратегија на општина Долнени во областа на образованието за 2014/2015г.
Програма - Акционен план и стратегија 2014/2015.PDF (превземи)
Одговорно лице за образование: г-дин Билал Каришик (071/383-422)
Основни училишта
1. ЦОУ `` Пецо Даскалот `` - Долнени
ПОУ ``Пецо Даскалот `` - Вранче
ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Сенокос
ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Браилово
ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Бело Поле
ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Заполжани
Вкупно 131 ученици во 15 паралелки.
2. ЦОУ `` Вера Циривири Трена `` - Дебреште
Наставата се изведува на македонски, албански и турски јазик.
3. ЦОУ `` Ѓорче Петров `` - Ропотово
ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Пешталево
ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Сарандиново
ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Секирци
Вкупно 191 ученици во 15 паралелки.
4. ЦОУ `` Лирија `` - Житоше
ПОУ `` Лирија `` - Локвени
Вкупно 284 ученици во 22 паралелки.
Наставата се изведува на македонски и албански јазик.
5. ЦОУ `` Мирче Ацев `` - Лажани
ПОУ `` Мирче Ацев `` - Кошино
Вкупно 282 ученици во 17 паралелки.
6. ЦОУ `` Пере Тошев `` - Десово
ПОУ `` Пере Тошев `` - Дупјачани
ПОУ `` Пере Тошев `` - Дреновци
ПОУ `` Пере Тошев `` - Небрегово
Вкупно 233 ученици во 18 паралелки.
Наставата се изведува на македонски и албански јазик.
7. ЦОУ `` Исмаил Ќемали `` - Црнилиште
ПОУ `` Исмаил Ќемали `` - Костинци
ПОУ `` Исмаил Ќемали `` - Гостиражни
Вкупно 356 ученици во 20 паралелки.
Наставата се изведува на македонски и албански јазик.