Општина Долнени го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад
Општина Долнени го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад кој ќе претставува главен патоказ при решавање на проблемите со отпадот, но и алатка за изнаоѓање финансиски средства за имплементација на предвидените активности.
Општина Долнени ќе ги ангажира сите ресурси за реализација на мерките и активностите, за нивното практично спроведување да претставува најдобра промоција на општината како урбана и еколошки одржлива средина, која нуди услови за подобро живеење и почитување на правата за здрава и чиста животна средина.
Овој план ќе биде продолжување на напорите за воспоставување соработка со невладини организации кои работат во полето на екологијата, реализација на еколошки акции и обуки на најмладите за подигнување на јавната свест кај населението и стекнување навики на грижа за животната средина. Локалниот акциски план ќе придонесе за јакнење на капацитетите за намалување на создавањето отпад и следење на целокупната патека на движење на отпадот, од создавање до депонирање.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Планот е достапен на следниот линк: Локален акциски план за управување со отпад 2024 - 2025
За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Долнени има аплицирано со под-проект за Реконструкција на локалните делници “2“ и “3“ во н.м. Лажани и делница “1“ во н.м. Житоше во Општина Долнени, за што е изготвена Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА), согласно Стандардите за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка.